Анкета: Владата доби оценка од 2,46 за работата во првите 100 дена

од Nikola Popovski
316 прегледи

Граѓаните ги оценијата првите 100 дена од работата на Владата со средна оценка од 2,46 на скалата о 1 до 5, покажува анкетата на Телма Тв заедно со МЦМС, а ја спроведе агенцијата „М проспект“. На скалата од еден до пет – 11 % дале оцека 5,  14,2 % првите 100 дена ги оцениле со четворка, 20,1 % ја оцениле работата на Владaта со тројкa, 19, 4 отсто со двојка, а 35,3 отсто ја оцениле Владата со единица.

Етничките Македонци се понезадоволни од работата на оваа Влада (60,5% од нив ја оцениле со ниски оценки) споредбено со етничките Албанци (27,3% ја оцениле со ниски оценки). Регионално гледано, најголемо незадоволство од работата на Владата може да се забележи во Североисточниот регион, каде 72,8% од испитаниците дале ниски оценки.

Според резултатите од анкетата 61,9 отсто не сакаат Анекс на договорот за добрососедство со кои би се дале посебни гаранции за територијални претензии и немешање во внатрешните работи, без да се навлегува во идентитетските прашања. Наспроти 33,5 отсто од испитаниците кои се согласуваат таков анекс да има.

Анкетата е спроведена во периодот од 6 до 24 декември, телефонски, на примерок од 1 000 испитаници, според пол, возраст, етнилка припадност и место на живеење.

 

Слични содржини