Анкета: Владата ја носи Македонија во погрешна насока

од desk2
74 прегледи

Речиси половина од испитаните гражани или 49 отсто од нив се задоволни, додека 47,7 отсто не се задоволни од работата на владата. Ова се резултатите од анкетата на Телма и МЦМС, за една година од работата на владата. Целосно задоволни се 16,5 отсто, а воопшто не се задоволни 35,4 отсто од анкетираните.

Според партиска припадност, 11,9 отсто од поддржувачите на СДСМ, и 38,4 отсто од поддржувачите на ДУИ, не се задоволни од работата на владата во изминатата година.

Дури 36,8 отсто од испитаниците одговориле дека Македонија се движи во негативна насока. Сличен процент, односно 35,1 отсто одговориле дека Македонија се движи во позитина насока, а значителен дел, односно 22,4 отсто сметаат дека ништо не е променето и ситуацијата е иста од претходно.

Анкетата е направена на 1.052 испитаници, телефонски, во периодот од 15 до 23 мај.