Анкета: За обединување се 75 отсто од Албанците и 64 отсто од Косоварите

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Според истражувањето спроведено во Косово и во Албанија од страна на косовската Фондација за отворено општество (КФОС) и Фондацијата Отворено општество за Албанија (ОСФА), 74,8 проценти од испитаниците во Албанија би биле, во случај на одржување на референдум, „за“ обединување на двете држави, додека на Косово овој процент е помал и изнесува 63,9 проценти.

Истражувањето се осврнува на голем број прашања од интерес за обете држави, но се фокусираше на тековното прашање за обединување на двете држави, пренесува Бета.

Истражувањето покажува дека посетите на граѓаните од обете страни на границата се зголемиле значително, особено по изградбата на автопатот Приштина-Драч и покажува дека косовските граѓани повеќе ја посетуваат Албанија.

Во Албанија, 74,8% од анкетираните рекле дека би гласале „за“ доколку се одржи референдум за обединување, додека помалку гласале во Косово – 63,9%.

Противниците на обединувањето се особено изразени во урбаните области, како во Албанија, така и во Косово.

Причините за обединување се различни, но се чини дека преовладува вербата дека двете држави како одделни држави функционираат подобро.

Во исто време, испитаниците во Албанија кои веруваат дека е можно обединување, велат дека клучен фактор во неговото спроведување ќе биде меѓународната заедница, додека на Косово тие го делат верувањето дека такво сценарио може да го спроведат само лидерите на двете држави.