Анкета: Заев го „прегази“ Мицкоски, a тој пак 7 пати помал рејтинг од својата партија

од desk4
147 прегледи

 

Премиерот Зоран Заев, една година по назначувањето на функцијата, е најпопуларен политичар во земјава, додека опозицискиот лидер Христијан Мицкоски е далеку зад него, како и повеќето други политички фактори чиј рејтинг е тестиран во најновата анкета што ја спроведе ТВ „Телма“ и Македонскиот центар за меѓународна соработка.

 

Иако во анкетата доминира процентот на граѓани кои се „воопшто незадоволни“ од новата влада (35,4 проценти ), наспроти оние кои се целосно задоволни (16,5 проценти), Заев бележи висок процент на доверба – со 24,1 отсто. Сепак, на прашањето „Кој политичар заслужува најмногу доверба“, дури 31,3 отсто од испитаниците одговориле „ниту еден“. Претседателот Ѓорге Иванов со 9,9 отсто, како и поранешниот премиер Никола Груевски со 6,1 процент имаат, исто така, повисок рејтинг од Мицкоски, кому доверба му дале само 2,9 отсто од анкетираните.

Од друга страна, ако се соберат процентните поени за Иванов, Груевски и на Мицкоски, како експоненти на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш предноста на Заев, како претставник на СДСМ, би била околу пет процентни поени. Толку изнесува и разликата во рејтинзите меѓу двете најголеми партии.

Доколку утре се одржат избори, за СДСМ би гласале 25,5 отсто, а за ВМРО-ДПМНЕ 20,6 проценти од испитаниците, без разлика на нивната етничка припадност.

Од лидерите во албанскиот политички блок, највисок рејтинг има Али Ахмети од ДУИ – со 4,1 отсто, а по него е Зијадин Села од Алијансата за Албанците со 2,9 отсто или исто колку и Мицкоски. Трет е Билал Касами од тетовското крило на Беса со само 0,5 отсто поддршка. По тој редослед се движат и рејтинзите на партиите на Албанците, така што за ДУИ би гласале 7,4 отсто од испитаниците, за Алијансата 2,9, а за Беса – без разграничување кое од двете крила –  2 проценти. Дури 26,2 отсто од испитаниците не посочиле за кого би гласале, а 11,8 рекле дека нема да гласаат.

Интересен е податокот дека СДСМ и натаму има мошне солиден рејтинг кај албанските гласачи, од кои 13,2 отсто се изјасниле дека би гласале за оваа партија доколку утре се одржат избори. Со тоа, СДСМ е практично втора по популарност партија кај албанскиот електорат, по ДУИ за која би гласале 30, 8 отсто од етничките Албанци. Трета партија по доверба кај албанскиот електорат е Алијансата за Албанците со популарност од 12,4 проценти, потоа е Беса со 8,5 отсто. ДПА паднала на само 2,6 проценти. 

Според најновата анкета на телевизија Телма и МЦМС разликата во рејтингот на партијата ВМРО-ДПМНЕ и рејтингот на нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски е драстична. ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 20,6 отсто, додека Мицкоски има рејтинг од 2,9 отсто. Оттука се наметнува прашањето зошто поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ не му ја даваат својата доверба на лидерот на партијата.

Првиот можен одговор е дека поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ не го сакаат Мицкоски за претседател на нивната партија и дека во партијата владее поделеност. Ова го поткрепува јавно објавената фракција, Демократската фракција во која се Јове Кекеновски и Филип Петровски, како и дел од некогашните „реформатори“.

Вториот дека тој е релативно нов лидер и е во сенката на Никола Гриевски чиј рејтинг пак нагло се спушти за 24 поени, и иако тој потона ,Мицковски сеуште не може да се одлепи од неговата сенка а веројатно и влијание.