
Во јуни на власт на Косово се очекува да бидат радикалните елементи кои ќе пристапат кон реализација на концептот “Голема Албанија”, пишува рускиот весник “Известија”.
На 11 јуни во Косово ќе се одржат предвремени парламентарни избори, бидејќи мнозинството од пратениците го поддржаа гласањето за недоверба на владата на премиерот Иса Мустафа.
Анкетите предвидуваат победа на радикалната партија “Самоопределување”, која ја промовира идејата за референдум за обединување на Косово со Албанија. Според прогнозите на аналитичарите, значаен раст во новата влада може да оствари и поранешниот министер и поддржувач на обединување на сите Албанци Рамуш Харадинај. Тој е обвинет од Белград за воени злосторства.
Заканата од реализација на проектот беше една од главните теми за време на телефонскиот разговор на рускиот претседател Владимир Путин со неговиот српски новоизбран колега Александар Вучиќ на 15 мај.