Денеска се одржа судењето на шефот на Јавното обвинителство за организиран криминал и на корупција, обвинителката Вилма Русковска против ВМРО – ДПМНЕ.
Вилма Русковска во својство на тужител по поднесена тужба против ВМРО-ДПМНЕ како политичката партија Игор Јанушев како овластен претставник на Коалицијата и Христијан Мицкоски како претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Во тужбата против партијата, Рускоска објаснува дека спотовите предизвикале загриженост, анксиозност и душевна болка.
Обвинителката бара 10 илјади евра за клевета за нејзина употреба во предизборни видеа на опозицијата. Според адвокатот на ВМРО – ДПМНЕ станувало збор за сарказам, а не за навреда.
Рускоска во текот на изборната кампањата побара од ВМРО-ДПМНЕ да ги повлече спотовите „Штанд на лагите“ и „Криминална вистина“, а притоа, да се извинат за клеветите, што не се случи.