„Анонимни Македонија“ вечерва преку видео-обраќање го обвинија директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили дека „неуспешно раководи со институцијата“.
Тие му порачаа на Халили дека „граѓаните почнуваат да го гледаат како обичен криминалец“.
-Се чини дека твоето познавање за програмирање, ИТ и стартап е слабо. Ова било очигледно за твоите вработени подолго време, кои со месеци се соочуваат со неподносливи услови под твое водство. ФИТР e уништен, компаниите губат пари, а работоспособни лица ја напуштаат Македонија, велат од „Анонимни“ во обраќањето до Халили.
Понатаму во видеото, директорот на ФИТР е обвинет дека „ги прекинал сите операции од причина што само тој и „Анонимните“ ги знаат“.
-Oва е последно предупредување. Мислиш дека си најпаметната личност во просторијата, но сега запозна некој на твое ниво. Ние сме „Анонимни“, ние сме Легија. Очекувај не“, стои во видео-обраќањето.
Целото видео можете да го погледнете на следниот ЛИНК.