Хакерската група, позната како „Анонимни“, соопшти дека има нова цел во својата сајбер војна против Русија – западни компании кои сè уште работат таму, објави CNBC.

Во објава на Twitter на 21 март тие повикаа „сите компании кои продолжуваат да работат во Русија, плаќаат даноци во буџетот на криминалниот режим на Кремљ“ да се повлечат од земјата.

Публикацијата, која е лајкувана повеќе од 23.000 пати, на компаниите им дава 48 часа да го исполнат ултиматумот.

Заканата, која подоцна се рефлектираше и на други профили на Twitter поврзани со grupata, вклучуваше фотографија со логоа на околу 40 компании, вклучувајќи ги Burger King, Subway и General Mills.

Сметката подоцна означи повеќе компании во објавата, информирајќи ги дека и тие би можеле да станат жртви на хакери.

Некои од компаниите директно одговорија на „Анонимните“, тврдејќи дека тие веќе ги објавиле своите намери за повлекување од Русија.

Нејасно е дали заканите влијаеле на одлуките на корпоративните менаџери да ги прекинат своите активности во Русија, пишува CNBC. Други фактори веројатно ќе бидат важни, вклучително и повиците за бојкот на стоките на некои од целните корпорации во последните недели.

Договорите за франшиза и други слични договори, исто така, може да го комплицираат брзото излегување од рускиот пазар, рече адвокатот Скот Антел, кој живее и работи во Русија повеќе од 20 години.

На слична позиција се и некои од компаниите на мета на хакерите, како Burger King, Subway и сопственикот на Reebok – Authentic Brands Group.

„Овде не важат клаузулите за виша сила кои им дозволуваат на страните еднострано да го раскинат договорот во случај на природни катастрофи или терористички акти. Ова важи и за клаузули кои покриваат економски санкции, кои кога се достапни, обично се применуваат само доколку се санкционирани страните во договорот, а не земјата во која се наоѓаат“, вели Антел.

Слични содржини