Анонимуси: Ќе ги уништиме сите исламистички сајтови на Балканот

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Ние не забораваме. Ние не простуваме”, пишуваат уште Анонимните од Сараево. Хакерската група “Анонимуси” објави почетокот на нападот против сите исламистички сајтови на Балканот.

anonmus

Хакери од Босна и Херцеговина предупредија дека  џихадистите  ќе  ги “соборат сите нивни сајтови и профили на социјалните мрежи”. Нивните колеги од Хрватска прогласија список со имињата на луѓе кои се поврзани со терористички организации и групации. “Операцијата во Босна и Херцеговина има за цел да ги  открие сите терористи муџахедини, нивни симпатизери, легални или нелегални. Заедно со тоа ние ќе ги  објавиме нивните имиња”, пишува во пораката на Анонимните од Босна.

Во него се нагласува дека “нападите ќе им бидат безмилосни”. “Ние не забораваме. Ние не простуваме”, пишуваат уште Анонимните од Сараево. Според нив “Исламска држава користи слабостите на полицијата и на разузнавачките служби во различни земји во светот и ги напаѓаат таму каде најмногу боли”. “Ние немаме касети за снимање против нив. Но, можеме да ги замолчиме . Ќе им  ги прережем јазиците. Ќе им ги скршиме прстите на рацете”, пишуваат уште Анонимните и нагласуваат дека до моментов “уништиле над 400 исламистички сајта”. Речиси во исто време хрватските Анонимуси размножија список со имињата на лица за кои се тврди дека се поврзани со терористички групи. Во списокот фигурираат имињата на 80 лица. Тие им објавија “војна на босанските исламисти”.

Потсетуваме  дека пред два дена босански исламист, приврзаник на вахабистите, застрела двајца војници во центарот на Сараево. Подоцна тој се саморазнесе  во сопствениот дом. Татко му призна дека тој бил приврзаник на исламскиот фундаментализам.