Антикорупциска со 18 предмети за вработувања на роднини на функционери и пратеници

од desk2
126 прегледи

Баџанакот на Талат Џафери – Нури Бајрами – заедно со останатите колеги антикорупционери ќе го разгледува вработувањето на ќерката на собранискиот спикер во ЕЛЕМ. Ова е само еден од 18 те случаи за непотизам кој го отворија новите антикорупционерите. Ќе се разгледува документацијата за тоа како биле вработувани роднини на функционери и пратеници во државните институции и јавниот сектор.

Претседателката на антикорупциска Билјана Ивановска денеска ги прочита имињата за сите сомнителни предмети со кои ќе се зафатат да работат.

„Иљо Стојчевски, Виктор Стојчевски, Цветан Велевски, Бесија Џафери, Надица Делкова, Хидоете Алили, Кристијан Мисовски, Фанија Костадинова, Влора Бектеши, Лила Пеќевска, Марија Јосифовска, Борче Поповски, Мери Поповска, Стојче Георгиев, мерсида Рамчилв иќ, Сара Александрова, Цвете Стојаноска, Љубисав несторовски.“ – изјави Билјана Ивановска Претседател на ДКСК.

Новите антикорупционери најавија дека овде нема да запрат и дека ќе отворат и нови предмети откако претходно ќе направат нови преиспитувања на вработувањата во ЕЛЕМ и МЕПСО каде се очекува да има најмногу случаи на непотизам. Заменикот претседателот Нури Бајрами пак се осврна и на сезонските вработивања и но и како што рече агенциите мора да внимаваат на не усогласените листи кои партиски се надополнуваат.

„Иамме еден хаос, сите непоплнети работни места од неусогласени правилници од 50% од 2015 до 10% 2019, се поплнуваат по партиски листи. Строго треба да се контролираат агенциите што го прават тоа, какви барања до биле, зошто тие треба да добиваат барање со посебни услови од законот, а не да добиваат листи на имиња.“ – изјави Нури Бајрами Заменик Претседател на ДКСК.

Од антикорупциска исто така најавија и дека ќе има сериозна проверка и во вработувањата во УЈП, но и Агенцијата за електронски комуникации и во други институции каде постојат основани сомневања за роднински вработувања./24 Вести