Антикризните мерки во вредност од 662 милиони евра ќе помогнат во надминување на потешкотиите, велат од СДСМ

од Nikola Popovski
262 прегледи

Владата предводена од СДСМ обезбедува таргетирана конкретна поддршка за ранливите категории граѓани, за учениците, студентите, за пензионерите, граѓаните- корисници на социјална помош, граѓаните со посебни потреби, самохраните родители, домаќинствата со ниски приходи, земјоделците, како и поддршка на компаниите во процесот на зелена транзиција, соопштија утрово од владеачката партија после вчерашното носење на 9-от пакет антикризни мерки.

Пакетот е во вредност од 662 милиони евра содржи 26 мерки за социјална сигурност, за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза.

Мерките ќе важат од 1 декември, а со нив се опфатени 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, речиси 540 илјади корисници на апликацијата МојДДВ, 600 илјади домаќинства и над 70 илјади компании.

Со системските мерки за 2023 и 2024 година опфатени се над 338 илјади пензионери и 106 илјади вработени во администрацијата.

Мерките наменети за граѓаните, домаќинствата и земјоделците се во износ од 156 милиони евра.

-Над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците во наредните шест месеци ќе добиваат по 1.200, односно по 1. 800 денари месечно за што од Буџетот ќе се издвојат 14,3 милиони евра. Таа мерка е предвидена за ученици од семејства со ниски примања до 50.000 денари, соопшти вчера премиерот Ковачевски, по владината седница.

Поддршка ќе има и за 15 илјади студенти кои живеат надвор од местото на студирање, кои ќе добијат ваучер за превоз во наредните седум месеци во износ од 600 до 1.200 денари за што се предвидени два милиона евра. Во наредните пет месеци по 1.000 денари месечно ќе добиваат корисниците на надомест заради попреченост, самохрани родители, корисници на гарантирана минимална помош, и родители на деца со попреченост до 26 години.

Со таа мерка опфатени се 16 741 граѓанин со вкупна буџетска поддршка од 2,7 милиони евра. Во наредните пет месеци за поддршка на пензионерите ќе бидат потрошени 35 милиони евра.

Пензионерите со пензија до 14. 000 денари ќе добиваат по 3. 000 денари месечно, тие со пензија од 14. 000 до 16. 000 денари по 2. 000 денари месечно, а по 1.500 денари ќе биде месечната поддршка за тие со пензии од 16. 000 до 19. 000 денари. За таа намена се предвидени 35 милиони евра.

Опфатени се над 50 илјади корисници и е во вкупен износ од 5,9 милиони евра. Дел од пакетот се и мерката Мој ДДВ каде е предвиден зголемен праг до 2.100 денари за секое тримесечје поединечно, како и законско решение со кое се ограничува затезната камата до висина на долгот.

Слични содржини