Апасиев: Против полицаецот кој ме застана е поднесена дисциплинска одговорност, неправилно се легимитирал

од Nikola Popovski
389 прегледи

„Внатрешната контрола при МВР утврдила дека: Полицискиот службеник наведен во Вашата претставка, при примена на полициските овластувања, неправилно се легитимирал, со што постапил спротивно на чл. 3 од од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и не Ви издал Записник за извршено испитување алкохолизираност со апарат ‘дрегер – за што се преземени мерки на дисциплинска одговорност“, објави вечерва лидерот на Левица, Димитар Апасиев за инцидентот што неодамна го имаше со полициски службеници при рутинска контрола.

„Друг пат, кога ќе се обидете да му држите лекција на Професор по право, прво прочитајте си по некоја книга и по некој закон, па тек тогаш коментирајте у етер, за да не се бламирате и да ви се смее народ“, напиша Апасиев.

Тој ги повика граѓаните да си ги бараат правата и да не потклекнуваат ни милиметар пред неправдите кои секојдневно ви ги носи животот.

Апасиев неодамна на Фејсбук напиша дека додека возел накај Штип, го запрел полицаец, при што настанал конфликт кога полицаецот сакал да го тестира пратеникот дали вози под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни реагираше и соопшти дека Апасиев нема имунитет во случај кога полицаец го сопрел неговото возило и сакал да му го пребара, за како што претходно рече пратеникот, да не има евентуално недозволени супстанци во истото.

Според МВР, според Уставот, пратеничкиот имунитет го штити лидерот на „Левица„ само од кажано мислење на говорница и гласање во Собрание, како и го штити од притвор. Во сите останати ситуации, пратеникот е еднаков пред законите како и сите други граѓани, се вели во реакцијата.

Слични содржини