Апасиев: Само ЧАИРЧАНЕЦ може да го спаси Скопје!

На прес-конференцијата, Мециновиќ ги нагласи неговите приоритети – јавниот транспорт, градската чистота, Генералниот урбанистички план, борбата со загадениот воздух.

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Пратеникот од редовите на Левица, Амар Мециновиќ е кандидат на партијата за градоначланик на Скопје. Катерина Јовановска, пак, ќе биденосител на советничката листа за Град Скопје, соопштија од партијата.

По тој повод се огласи и лидерот на партијата, Димитар Апасиев: „Само ЧАИРЧАНЕЦ може да го спаси Скопје!“, сподели тој, со фотографија со Мециновиќ.

На прес-конференцијата, Мециновиќ ги нагласи неговите приоритети – јавниот транспорт, градската чистота, Генералниот урбанистички план, борбата со загадениот воздух.

– Левица сака да ги обедини сите кои се против ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Јавниот превоз ќе ни биде првиот примарен приоритет за кој ќе се залагаме. На нивна страна се парите и моќта, а за она што ние го нудиме тие немаат одговор. Ова е наша борба и наша приказна, за нашето Скопје. За граѓаните треба да биде јасно дека гласаат за политичка волја, која ни пресуди ние сега да немаме автобуси, истакна Мециновиќ.

Првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември.

Слични содржини