Апел: Да му помогнеме на Дејан чија куќа изгоре во пожар

од Берта Китинска
178 прегледи

На скопјанецот Дејан итно му е потребна финансиска и материјална помош.

-Тој  боледува од тумор на THYMUS жлездата и е на лекување во Турција, во семејната куќа на улицата „Црногорска“ во Ѓорче Петров избувна пожар.Куќата изгоре речиси до темел. На семејството итно им е потребна финансиска и материјална помош. Како општина се заложивме да излеземе целосно во пресрет на семејството Наумовски и веќе сме во контакт со нив.Навистина имаат потреба од наша помош. Да бидеме хумани.Ве повикувам да помогнеме, напиша на својот Фејсбук порфил градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски.