336
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните прописи и заеднички да придонесеме за безбедни патишта и улици.
„Засилени контроли на сообраќајната полиција вечерва, во новогодишната ноќ, ќе има на автопатиштата и на скопската обиколница, како и на улиците во Скопје и во сите други градови во државата“, соопштуваат од полицијата, упатувајќи апел да се вози внимателно и да се празнува одговорно.