Апел за помош: Повозрасен бездомник спие под отворено небо во Карпош 3

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи кружи апел помош на бездомник-старец од 80 години кој што спие под отворено небо во населбата Карпош 3 спроти поранешна Воена болница.

Лицето претходно било згрижено скоро 4 месеци од добри луѓе, а минатата година ја поминал дел во бетонската цевка кај Борис Трајковски, дел во Момин Поток (Црвен Крст).

Во виралниот пост стои дека граѓанин му однел душек, ќебе и храна, но потребно е постојано сместување со оглед на врнежливите и студени денови што доаѓаат.

 

Слични содржини