Жителка на скопски Карпош објави дека пред два дена се случил трагичен настан со тешки последици откако семејство било нападнато од куче налик на пит бул или стафорд. Поточно кучето нападнало мало дете и кутре. Според објавата на социјалните мрежи, кучето на непознат сопственик прво било предупредено од газдата со зборовите: „Земи го во раце, не сака други кучиња“.
-Ги нападнал додека поминувале на патчето кај каналот во Козле. Додека нашето бебе кутре беше на каивче газдата му рекол на син ми , земи го во раце не сака други кучиња. Син ми ја земал Бамби во раце и кучето ги нападнало додека ја држел во раце, и ја тегнел 5 минути, се борел со син ми. Бамби е тешко повредена со скршена кичма и скинати нерви и рани и др. Диме направи се , ама повредите се пресериозни и нема да преживее. Не му се израдувавме на кутрето кое го земавме од кога почина нашето 10 годишно куче пред 1 месец. Радост и живот ни беше, и неодговорни идиоти ни ја одземаа, го истрауматизираа син ми за цел живот и сега сакаат да ја скријат вистината и да се сокријат. Во борбата син ми го фрлил телефонот и со крвавото наше кутре трчајки дојде дома ми ја даде во раце за да пробаме да ја спасиме, јас го земав кутрето и возев како луда да стигнам и најдам некој што може да ја спаси , и зазвонев на телефонот на син ми. Се испостави дека девојката сопственичка на кучето кое го нападнало син ми го има телефонот на син ми и проба да плете приказна дека питот им избегал од дома што не е вистина бидејки кучето во моментот на нападот бил со газдата без да е врзано, стои во објавата.
Дополнително, момчето било и самото гризнато, а телефонот му паднал при обидот да побегне со повреденото куче. Подоцна, како што тврди семејството, телефонот го подигнала сопственичката на агресивното куче, која наводно се обидела да ја изврти приказната, тврдејќи дека кучето им избегало од дома – иако, според Маја, во моментот на нападот, кучето било со сопствениците и не било врзано.
-Пријавено е во полиција, но помогнете ми да ги најдеме луѓето. За ова мора да одговараат, затоа што од неоговорност ни го убија кутрето, го истрауматизираа син ми за навек и сега се обидуваат да излажат и да се скријат. Она што знаеме дека биле и они на прегледи во Неуромедика, порачува загрижената жена.
-Ни го убија кучето …. не изгореа пак… а требаше да биде една обична прошетка во еден вторник, стои на крајот на апелот.