Апелациониот суд го ослободил Марјан Стаменковски од обвиненијата за кривичните дела уцена и рекет. Вака одлучил Апелацискиот суд бидејќи ги немало сите елементи на кривичното дело.
Обвинителството тврдеше дека сопственикот на порталот ДоказМ уценувал и рекетирал директор на Царина. Стаменковски се бранеше дека информациите ги добивал од обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, кои тој своевремено ги нарекуваше свои „соработници“.
За овој дел од повеќето обвиненија, Стаменковски помина 4 месеци во притвор.
Интересно е дека шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев во мај 2023 година поднел кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци. Сѐ уште нема обвинение против двајцата обвинители.
Апелацискиот суд последно го осуди Стамнековски на единствена казна затвор во траење од две години и шест месеци и на глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност.
Овој суд делумно ги уважи жалбите на обвинетиот.
Обвинетиот го осуди на единствена казна затвор во траење од две години и шест месеци и на глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност.
Му беше изречена и „забрана за вршење професија, дејност или должност поврзани со кривичните дела“, односно забрана да врши регистрација на домеин и да се јави како регистрант или сопственик на портал за време од шест години и престанок на регистрацијата на сите регистрирани домеини во кои обвинетиот се јавува како сопственик на портал.
-Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.429/23 од 04.04.2023 година, во делот за кривичното дело „уцена“ од член 259 став 1 в.в. член 19 од КЗ, ја укина и предметот во тој дел го врати на првостепениот суд на повторно судење, од причина што првостепениот суд не ги утврдил со сигурност решителните факти кои се од влијание за правилна примена на материјалното право, по однос на елементот од битието на кривичното дело „уцена“, соопшти Апелација.
На Стаменковски, Основниот кривичен суд Скопје му изрече единствена затворска казна во траење од три години и еден месец.
Тој се товареше за пет кривични дела, односно за две дела ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци.