Апелација одлучува дали видеоснимките на „Јутјуб“ може да бидат доказ во „Поткуп“

од Vladimir Zorba
83 прегледи

  Апелацискиот суд Скопје денеска треба да одржи  седница на која ќе одлучува дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб можат да бидат доказ во случајот „Поткуп“.

Адвокатите на Заев побараа од Основниот суд Скопје 1 оваа снимка да се издвои од доказите, бидејќи беше објавена на неколку медиуми, а се работи за тајна снимка. Судот го одби нивното барање по што поднесоа жалба до Апелцискиот суд.

Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од околу 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

Следното судско рочиште за „Поткуп“ во Кривичниот суд е закажано за 25 декември/MIA