Апелацискиот суд денеска ќе решава по жалбите од „Диво Насеље“

од desk4
113 прегледи

Денеска и утре Апелацискиот суд Скопје ќе решава по жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско Диво Насеље.

 

Според пресудата на Основниот суд Скопје 1 од 2 ноември 2017 година за терористичкиот напад на 9 и 10 мај 2015 година осудени беа 33 лица. За време на тие настани беа убиени 8 припадници на македонските безбедносни сили, 10 членови на вооружената група и 30 лица беа ранети.

 Од осудениците , седумина од обвинетите добија доживотен затвор, 13 беа осудени на по 40 години, шестмина на 20 година, еден на 18, двајца добија по 14, други двајца по 13, а уште двајца беа осудени на по 12 години. Четворица добија ослободителни пресуди.