АПИС за европското знаме на Законот за игри на среќа: „Која ЕУ директива предвидува затворање на легални игри на среќа?“

од Vladimir Zorba
146 прегледи

„Очигледно е дека некој се’ уште не ја разбира сериозноста на последиците кои ќе ги предизвика усвојувањето на овој Предлог закон за изменување и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри, предложен од владата. Ниту забелешките на амбасадорите на земјите членки на ЕУ не ги одвратија од нивните намери. Иако пред две седмици евроамбасадорот Дејвид Гир јавно порача дека европското знаме не смее да се злоупотребува за избегнување на дискусиите за важни прашања, владата не се откажа од намерата да протурка скандалозни и противуставни измени на законот за игри на среќа. Испратени се во Собрание со европско знаме“, се вели во писмената реакција на АПИС за европското знаме на Законот за игри на среќа.

„Го повикуваме владиниот Секретаријат за европски прашања да одговори на следните дилеми на јавноста:

· Која ЕУ директива предвидува затворање на легални игри на среќа?

· Која ЕУ директива создава предуслови за игри на среќа на црно, без државна контрола?

· Која ЕУ директива предвидува 10 илјади луѓе да останат без своите работни места?

· Која ЕУ директива овозможува противуставни законски измени?

· Која ЕУ директива предвидува бркање странски инвеститори кои доаѓаат од земја членка на ЕУ?

Апелираме до пратениците на сите политички партии да посветат особено внимание на Законот за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри. Ниту еден пратеник не треба да наседне на лажниот популизам кои го шират противниците на легалните игри на среќа. Доволно е да си го постават реторички прашањето, кога младите се повеќе заштитени, сега кога игрите на среќа се одвиваат на легален начин или кога ќе се организираат на црно и државата ќе нема никаква контрола?

Ние имаме одговорност да ги заштитиме нашите вработени и огромните инвестиции кои ги имаме направено во Северна Македонија. Ќе се бориме до крај против неправдата со сите демократски средства. Кога надлежните институции не сакаат да ги слушнат аргументите ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести. Пред целата јавност ќе покажеме дека и во оваа економска гранка работат обични луѓе, меѓу кои и родители на малолетни деца кои чесно си ги заработуваат платите и не сакаат да бидат избркани од сопствената држава“, се додава во реакцијата.

Слични содржини