(АПОЛО) Црниот датум во историјата на НАСА: Трагедијата која направи превсрт во програмата АПОЛО

од desk2
172 прегледи

Неодамна НАСА ја одбележа 50-годишнината од трагедијата а “Аполо 1”. На првиот вселенски брод од програмата “Аполо” на вселенската организација на која настанува пожар, при што загинуваат астронаутите Ед Вајт, Виргил Грисам и Роџер Чафи.

На 27 јануари 1967 година, тричлениот екипаж тренира во командниот модул на почетниот комплекс во вселенскиот центар “Џон Кенеди” и кога се случува инцидент, кој ја промени историјата на американските вселенски истражувања. Она што би требало да биде само рутинска проба, се претвора во фатална трагедија.
Екипажот ги зазел своите места во 13,00 часот по локално време на лансирна рампа број 34. Се одржуваат сите планирани операции, а на неколку пати тие се запрени поради настанати голем број на технички проблеми.

Во 18.20 часот, 10 минути пред симулација старт, предстартното броење е суспендирано затоа што сепојавил проблем во комуникацискиот систем. Десет минути подоцна, секунди пред повторното вклучување на часовниците, Роџер Чафи пријави за пожар на модулор. Часот е 18,31 и техничарите, кои го опслужуваат модулот почнуваат да се борат со огнот за спасување на екипажот.

Најголема опасност при пожарот претставува чистиот кислород, кој по голем притисок и е во херметички затворената капсула. До овој момент НАСА користи експлозивен чист кислород за дишење, како и во сите претходни мисии.

Четиринаесет секунди подоцна избувнува топлотна експлозија и врската со екипажот е прекината. Четворица техничари со против пожарни апарати се обидуваат да го отворат и да ги евакуацираат, но неисправните гас маски и сложениот систем за отворање ги попречуваат нивните напори.

Телата на загинатите астронаути се закопани со сите државни и воени почести. Грисам и Чафи се закопани во Националните воени гробишта во Арлингтон во присуство на претседателот на САД Линдон Џонсон. Вајт е погребан на воените гробишта на Американската академија во Вест Поинт. Меморијални плочи се поставени на местото на инцидентот во Кејп Кенеди – старт комплекс LC 34.

Покрај комисијата на НАСА за истражување на трагичниот инцидент, Конгресот на САД исто така направи комисија за активноста на НАСА и причините кои доведоа до фаталниот крај на мисијата. По барање на астронаутите е преземена генерална реконструкција на следните бродови од серијата Аполо. Отстранети се 1407 дефекти и целосно е заменет системот за дишење на бродот, а чистиот кислород е заменет со мешавина од азот и кислород.