Технологијата на мобелни уреди напредува од ден во ден, а наскоро може да имаме 100 милијарди мобилни уреди безжично поврзани на интернет, по што компанијата Apple официјално доби зелено светло за тестирање на мрежата 5G во АМерика.

Apple порано оваа година од федералната комисија за комуникации го доби Договорот за тестирање на 5G мрежата во седиштата на Милпитас и Авенијата Маријани во Калифорнија.
Со новата дозвола претставниците на Apple можат да ја испитуваат 5G мрежата и на други локации. FCC се одлучи на овој чекор откако регулаторната агенција почна комерцијална продажба на одредени 5G врски на мобилни оператори како што се AT&T, Verizon, Sprint и T-Mobile. Сите овие во наредните две години планираат да го развијат пристапот до 5G мрежата.
Првата комерцијална 5G мрежа треба да се појави пред 2020 година. Меѓутоа, може да помине и повеќе од тоа додека на пазарот не се појави iPhone на Apple кој ќе биде компатибилен со мрежата 5G.
Првиот повик корисниците на 5G мрежата го воспоставија минатата година меѓу компаниите Korea Telecom и Samsung Electronics.