Веќе дознавме многу детали за новите таблети iPad Pro, но официјалната премиера се случи денеси таа ни донесе прецизни информации за уредите. Таблетите нудат нов дизајн со сериозно намалени рамки околу екранот, а освен тоа се опремени со системот за препознавање на лицето Face ID, кој го заменува познатиот сензор за отпечатоци и работи во хоризонтална и вертикална ориентација.Освен централното хардверско копче, новите модели исто така се лишени од приклучок за
слушалки.

Суштинска промена има и кај интерфејсот за полнење и поврзување со компјутер – наместо Lightning, сега имаме USB-C и овозможува полнење на други уреди (на пример iPhone) и прикажувањето на видео кон монитори со резолуција до 5K. Таблетите се достапни во две големини според дијагоналната на екранот – 11 и 12,9-инчи. Панелот е наречен Liquid Retina и обезбедува резолуција соодветно 2388х1668 и 2732х2048 пиксели, а меѓу другите негови карактеристики ја откриваме технологијата ProMotion и True Tone за оптимизирање на температурата на боите според условите на околината.
Екраните се користат и за управување преку системот за гестови, кој го видовме прво во iPhone X. Уредите се потпираат на чипсет A12X Bionic со 8-јадрен процесор и 7-јадрен графички акцелератор кој обезбедува значителен пораст во продуктивноста. Таблетите ќе бидат достапни до 1ТВ вградена меморија, а меѓу другите особености откриваме 4 звучника, 12МР камера, 18-вати полначи батерија за до 10 часа на работа.
https://youtu.be/YJ5q8Wrkbdw
Новата верзија на Apple Pencil исто така беше претставена со двата таблети. Таа има модифициран дизајн и сега може да се полни безжично кога е магнетно прикачена на едната страна на iPad Pro. Додадена е и поддршката за гестови (два пати удирање со прст на пенкалото) за да се овозможат различни акции или стартување на апликација. Дополнителната тастатура, сега наречена Smart Keyboard Folio, исто така, беше ажурирана. Додатокот ви овозможува да го поставите таблетото под два различни агли. аблетите ќе се продаваат по цена од 799 и 999 долари во САД, а во Европа цените стартуваат од879, односно 1099 евра. Продажбата започнува на 7 ноември, кога двата таблети ќе бидат достапни во повеќе од 40 земји и територии.