Apple го промовираше најголемиот iPhone во својата историја (ВИДЕО)

од Vlatko K
119 прегледи

Како што очекувавме, денес Apple претстави три нови модели паметни телефони iPhone и два од нив се наследници на минатогодишниот iPhone X. Меѓу нив е и најголемиот паметен телефон во историјата на серијата. Уредите се нарекуваат iPhone Xs и Xs Max и го нудат истиот дизајн како својот претходник, но веќе ќе се нудат и во златна боја. Како и обично за уреди со индексот „s“, моделите носат главно хардверски подобрувања како нов процесор и камера со напредни можности.

И двата се водоотпорни (веќе IP68), имаат челична рамка и стаклен заден панел и се опремени со подобрен систем за препознавање на лицето – Face ID. iPhone Xs е со 5.8-инлен OLED дисплеј, но iPhone Xs Max обезбедува 6.5 -инчен панел, што го прави најголем смартфон на Apple и дури поголем од Samsung Galaxy Note 9. Двата телефони поддржуваат HDR содржина, имаат стерео звучници и снимаат стерео звук. Двата модели го користат новиот 6-јадрен процесор A12 Bionic кој е изработен по 7nm процес, како и Kirin 980 на Huawei.

Двете јадра со високи перформанси се за 15% побрзи, а другите четири јадра имаат 50% помала потрошувачка на енергија. Додаден е, исто така, 50% побрз четири-јадрен графички акцелератор. Откриваме уште подобрен контролер за меморијата, кој поддржува до 512GB вградена меморија, како и нов Neural Engine за забрзување на задачите со машинско учење. И покрај сето ова, iPhone Xs обезбедува за 30 минути подолго време на работење во однос на iPhone X, а кај другиот уред подобрувањето е за час и половина.

Телефоните исто така нудат двојна основна камера со подобрени параметри. Двата 12МР сензори повторно се со оптичка стабилизација, а оној со широкоаголна камера е со поголеми пиксели. Телефото камерата има посветла решетка, која треба да ги подобри своите перформанси во темно. Предната камера има и нов сензор, но неговата резолуција останува непроменета.

Камерата вклучува режим Smart HDR кој работи слично на технологијата на Google и комбинира многу кадри во една финална слика со повеќе детали и проширен динамичен опсег, притоа потпирајќи се и на вештачка интелигенција за сегментација на сцената и оптимизирање на различните нејзини делови. Сега е можно да се промени ефектот „боке“ и по снимањето на кадрите.

За првпат телефонот поддржува работа со две SIM картички, но не брзајте да се радувате, затоа што моделите комбинираат e-SIM со стандардна SIM картичка, а првата се уште не е поддржана од македонските оператори. Единствено решение за ова е увоз на кинеската верзија, која има слотови за две одделни SIM картички.

Телефоните ќе се нудат со 64GB, 256GB и 512GB вградена меморија, а продажбите почнуваат од 21 септември. Цената на iPhone Xs започнува од 999 долари (1.149 евра за Европа), а онаа на iPhone Xs Max стартува од 1.099 долари (1.249 евра).

https://youtu.be/9m_K2Yg7wGQ