Агенција за Промоција и Подршка на Туризмот (АППТ) вечерва информираше дека постои огромна заинтересираност за понудата на македонскиот штанд на првиот меѓународен саем во Белград организиран во рамките на Отворен Балкан.
Според АППТ, Отворен Балкан е вистински пример за успешна регионална соработка.
-АППТ во својата Програма за саемот има превидено четиридневни активности. На штандот се предвидува со своја презентација да завземат учество занаетчии кои изработуваат традиционален македонски филигран. Фамилијата занаетчии Шикалески од Охрид ќе бидат присутни на македонскиот штанд кој ќе ја збогатат програмата со рачна изработка на сребрен филигрански накит. Со своја презентација на македонскиот штандот ќе бидат присутни и бисерите Филеви, од Охрид, би сакале да напоменеме дека Михајло Филев е почесен конзул во Србија. Посетителите ќе можат да бидат удостоени и со презентација на кој начин се изработува традиционалниот охридски бисер, велат од Агенцијата.
Промоцијата на нашата земја како туристичка дестинација ќе биде проследена со туристички видеа, промотивни брошури, флаери, како и со промотивен материјал кој ќе го подготувава агенција Рејтинг по нарачка на Владата на РС Македонија. (брошури, банери, флаери и видео записи).