„Dajte vina hocu lom“: Ковачевски, Вучиќ и Милатовиќ распеани во ресторан (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера беше домаќин и учествуваше на отворањето на Вториот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“. На свеченото отворање присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“ беше објавено видео од ресторан, а Вучиќ заедно сo Ковачевски и Милатовиќ ја отпеа добро познатата песна „Dajte vina hocu lom“.

„Да живее пријателството меѓу Црна Гора, Северна Македонија и Србија!“, напишал српскиот претседател.

За потсетување, саемот се одржува под покровителство на владите на Република Србија, Република Албанија и Република Северна Македонија, а во рамките на иницијативата Отворен Балкан.

Од петок до недела, кога ќе се затвори саемот, тој ќе биде отворен и за граѓаните.

Годинава на саемот ќе се соберат повеќе од 600 изложувачи од бројни винарии, дестилерии и гастрономски компании, од повеќе од 28 земји, што е двојно повеќе изложувачи од минатата година.

Премиерот Ковачевски им даде поддршка на претставниците на македонските винарии, дестилерии, гастрономски компании, од туристичката дејност. Премиерот го поздрави интересот за присуство на саемот и оцени дека постигнатите успеси во квалитетот на македонското вино познато во светот, македонската храна и туристичката понуда се амбасадорска промоција на Република Северна Македонија во регионот, Европа и светот.

Ковачевски најави уште позасилени активности на Владата кон отворањето нови пазари за компаниите и кон европскиот пазар.

Слични содржини