135
На плоштад „Македонија“ скопјанец агресивно се однесувал заканувајќи им се на полициските службеници, извести МВР.
Како што соопштуваат, на 29.03.2023 нешто пред 22 часот часот на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје од полициски службеници од Полициската станица Центар бил приведен маж од Скопје поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Полицијата извршила пеглед кај него при што бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, додаваат од полицијата.