После употребата на сила на припадниците на САЈ и полицијата од Будва, уапсени се 20 функционери на Општината и граѓани, кои биле сослушани во зградата на Центарот за безбедност во Будва.
Ова го потврди адвокатот Дражен Медојевиќ, кој истакнал дека се чека решението на надлежното обвинителство, од кое зависи дали ќе бидат приведени или ослободени. Знаејќи за полициската практика за квалификуван граѓански отпор како „напад врз службени лица и омаловажување“, се стравува дека многумина би можеле да бидат приведени.
https://www.facebook.com/DemokratskiFront/videos/298373141316865/
Утрово полицијата ги уапси градоначалникот на Општина Будва, Марко Царевиќ и претседателот на општинското собрание на Будва, Крсто Радовиќ, пред зградата на Општината.
Уапсен е и секретарот за инвестиции, Младен Микијељ. Српските медиуми откриваат дека и синот и братот на Марко Царевиќ се уапсени.
Пред зградата на полицијата во Будва, голем број граѓани се уште протестираат против апсењето на службениците од овој град.
Српските медиуми реагираат и на бруталните апсења, слични како на случаот со Џорџ Флојд, кога еден полициски службеник клечеше врз неговиот врат, по што го задуши.
https://www.facebook.com/DemokratskiFront/videos/1692080464272585/