Апсење во Гостивар и Горна Бањица – приведени 7 лица

од Берта Китинска
282 прегледи

Утрово околу 04.00 часот, од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Гостивар, на различни локации во Гостивар се лишени од слобода 7 лица, од кои 6 од Гостивар и 1 од Горна Бањица.

Имено, при преглед извршен кај Н.Д.(30) од Гостивар била пронајдена кеса кокаин, а Љ.В.(35), С.С.(36), Д.Ј.(36), Ж.Ц.(41), А.Б.(3), сите од Гостивар и Ф.И.(27) од с.Горна Бањица, гостиварско, поради постоење основано сомнение за нивна инволвираност во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик, информаат од МВР.

Сите се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.