(Обновена )Апсења пред влада и повредени полицајци и демонстранти

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Полицијата ги истурка демонстрантите кои протестираа пред владата и ги турка по улица Илинденска и булеварот кој од Владата оди кон Партизанска. Се апсат  насилните кои палат контејнери и се потиснуваат и  лица кои седат на улица и пружаат пасивен отпор.

11209641_811401622247085_7103852283138743060_n

Се  јавува дека 10 полицајци се повредени  а еден човек во цивил е потешко повреден и пренесен во болница.   На булеварот се запалени контејнери а полицијата употребува димни  шок бомби, со приправност на водени топови.Неколку лица се повредени и пренесени во Клиничкиот центар. Денешните протести беа насилни, со употреба на сила и од страна на полицијата и од дел од демонстрантите.

Ситуацијата по 23 часот е смирена , народот е тргнат од пред владата потиснат накај Партизанска а демонстрантите палат контејнери  по улиците каде се повлекуваат.Протестите ги следеа и двајца набљудувачи од ОБСЕ, а во моменетов има апсења по улиците на насилните демонстранти.