Аптеките бараат изземање од обврската за објавување цени на веб

од desk4
60 прегледи

Ден пред стапување во сила на обврската за јавно објавување на цени на производите на веб-страниците, Здружението на приватни аптеки побара аптеките да бидат изземени од оваа регулатива. Тие сметаат дека новото правило претставува непотребен административен товар кој го одвлекува вниманието на фармацевтите од нивната основна задача, грижата за пациентите.

Од Министерството за економија и труд велат дека се подготвени за дијалог, но досега не добиле официјално барање за средба од здружението. Потсетуваат дека измените на Законот за заштита на потрошувачи се објавени на 4 март 2025 година, а стапуваат на сила утре, 18 април, оставајќи доволно време за прилагодување.

Аптеките, нагласуваат од здружението, не се обични трговски објекти, туку здравствени установи со стручен, лиценциран кадар.