Ар Кели за првпат запеа после излегувањето од затвор

од desk2
195 прегледи

Според пишувањата на американските медиуми, Ар Кели го одржа својот прв краток настап откако излезе од затвор, а според изјавите на сведоците отпеал само неколку стихови од една од своите песни.

Имено, овој пејач се појави во Dirty South Lounge во Спрингфилд, Илиноис во раните утрински часови во неделата.

Ар Кели како што се известува пристигнал околу еден часот после полноќ, каде поминал нешто повеќе од половина час фотографирајќи се, разговарајќи, танцувајќи и пушејќи цигари со оние кои се собрале да го видат.

https://www.instagram.com/p/Bv7sD-mHJMQ/?utm_source=ig_embed

Потоа го земал микрофонот, им се заблагодарил на своите фанови и отпеал 28 секунди од една од своите песни пред да биде локалот затворен во три часот.

Влезниците за забавата чинеле 100 долари, но цената била за 50 % намалена откако пристигнал Ар Кели.

https://www.instagram.com/p/BvN1xdlHXUe/?utm_source=ig_embed

Неколку часа пред да се појави, Ар Кели го најавил настанот на својот Инстаграм профил и ги повика медиумите да учествуваат.