Арачиновец фрлал петарди и пукал со пиштол пред куќа на 19-годишна девојка

од Nikola Popovski
265 прегледи

Арачиновец сакал да го привлече вниманието на 19-годишна девојка, па во два наврати фрлил петарди и пукал со пиштол пред нејзината куќа, информираат од МВР.

-На 24.06.2023 во 23,50 часот во Полициско одделение Арачиново, 19 годишна жителка од скопско село, пријавила дека на 16.06.2023 околу 08,50 часот на пракинг во близина на трговски центар на подрачје на Бит Пазар била физички нападната од Ш.К.(20) од с.Арачиново, со кого се познавала од претходно, а потоа на 22.06.2023 околу 22.02 часот пријавениот фрлил пиротехнички материјал во дворот од нејзината куќа, а на 23.06.2023 околу 20.10 часот пријавениот пред нејзината куќа испукал два пати од пиштол и го напуштил местото на настанот, стои во полицискиот билтен.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.