Арамии краделе градежен материјал од објект во изградба

од Nikola Popovski
280 прегледи

На 07.01.2024 во 18.10 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода О.Џ.(31) од Гостивар и А.А.(24) од с.Форино, гостиварско. Тие се сомничат дека во текот на денот од објект во изградба одзеле градежен материјал.

Одземениот материјал бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе следи соодветен поднесок.