Арамија фатен на дело како краде на јавен простор

од Nikola Popovski
125 прегледи

На 07.04.2023 во 17.45 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ѓ.С.(29) од Штип.

Тој бил затекнат при извршување на кражба, при што од јавен простор одзел предмети сопственост на општина Штип. Одземените предмети биле вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини