168
Одличен ручек за целото семејство.
СОСТОЈКИ:
1 пиле исечкано на парчиња
бибер по вкус
1 лажица маслиново масло
2 чешниња лук, издробени
2 домати
1 ловоров лист
1/4 лажичка мајоран
1 пакување смрзната пченка
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Извадете ја кожата од пилето. Посолете и побиберете по вкус. Во голема тефлонска тава загрејте масло и пржете го пилешкото, вртејќи го, околу 15 до 20 минути. Кога пилешкото ќе биде готово, извадете го од тава и држете го на топло место.
Во истото масло издинстајте лук, додајте домати, ловоров лист и мајоран и динстајте околу 10 минути. Додајте обварена пченка и пилешко и добро измешајте со сосот.
Добар апетит!