Арифи: Тетово ќе има политика на нулта толеранција на отпад

од Nikola Popovski

Нашата визија за Тетово е европска – тоа значи европски стандарди во однос на инфраструктурата, транспарентноста во администрацијата, заштитата на животната средина и пред се, животниот стандард на граѓаните. Јас сакам Тетово да биде модерен, европски град, со највисок квалитет на живот за сите граѓани.  Го претставив мојот план за следните четири години, со реални и остварливи проекти, кои ќе го направат Тетово модерна општина достојна за живеење – со одржливи решенија за сообраќајното прашање, со политика на нулта толеранција на отпад, кучиња скитници и казина, вели тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат Теута Арифи на прес-конференција.

Таа истакна дека кога се зборуваме за европско Тетово, не станува збор само за модерна инфраструктура и европски животни стандарди, туку и за такво општество.

– Горди сме на нашето Тетово како модерно и отворено општество, што значи: еднакви права за сите граѓани, почитување на правата на жените, мирен и пријателски соживот меѓу Албанците, Македонците, Турците, Ромите и сите етникуми кои живеат во нашиот град. Нашето Тетово беше првата општина со албанско мнозинство што избра жена за градоначалник. Нашето Тетово стана пример за мирен соживот, пример за заедништво на различностите -етнички, верски и културни. Во нашето Тетово се почитуваме, се цениме меѓусебе, ја цениме културата, традицијата и религијата. Ова обединето Тетово, овие современи европски вредности се непроценливи и  од таму нема враќање. Оваа недела во прашање е доведено нашето европско Тетово, истакна Арифи.

Слични содржини