Аријана Гранде е најпопуларна жена на Инстаграм, Кристијано Роналдо е врв меѓу мажите

од desk4
149 прегледи

Аријана Гранде ја надмина Селена Гомез и стана девојка со најмногу следбеници во Instagram.

Според Билборд, Гранде има 146 286 173 следбеници, а  Гомез и дише на вратот со 146 267 801 обожаватели кои сакаат да знаат што објавува.

Сепак, Гранде е далеку зад Кристијано Роналдо и неговите 155 милиони следбеници кои ги надминаа оние на Гомез во октомври.

Социјалните мрежи се расправаат ако Гранде има повеќе обожаватели поради новиот албум или поради разделбата  со  Пит Дејвидсон, или причината е трета, можеби сосема поинаква.