Аријана Гранде застана зад моделот Синаја и ја заврши својата соработка со познатиот фотограф Маркус Хајд. Ова се дознава со фотографија на Инстаграм, која беше објавена од страна на пејачката. Гранде има напишано на црниот екран порака до сите кои работат со фотографи да гледаат на што се согласуваат.

Скандалот со Маркус Хајд беше објавен во саботата откако моделот Синаја го обвини за изнудување за голи слики. Таа објави скриншотови на Инстаграм, за кои тврди дека се од разговор со фотографот. Разговорот меѓу нив се одвива преку пораки откако Синаја гледа како тој ги договора моделите.

Наводите се дека Хајд побарал голи слики на моделот, а за возврат таа да добие бесплатна фото-сесија. Таа одбила и рекла дека ќе се снима само во долна облека. Како одговор, фотографот рекол дека сакал 2000 долари за фотографиите.

Фото: Instagram

Хајд работел со ѕвезди како Аријана Гранде, Ким Кардашијан, Кание Вест и други. По инцидентот, сепак, многу од нив го искажаа своето мислење, вклучувајќи ја и младата пејачка. “Драги модели и уметници во Лос Анџелес и насекаде, ве молам, не снимајте со фотографи кои ве тераат да се чувствувате непријатно и кои ве обврзуваат да ги симнете облеките”, вели Гранде.

Други ѕвезди кои ја поддржуваат Синаја беа Бела Торн и Мишел Висај. По избивањето на скандалот, фотографот Маркус Хајд ја избришал сметката на Инстаграм.