Аријана Гранде се омажи за агент за недвижнини

од Vladimir Zorba
353 прегледи

Пејачката Аријана Гранде се омажи за агентот за недвижнини Далтон Гомез.

„Венчавката беше мала и интимна, со помалку од 20 луѓе. Парот и нивните семејства не можеа да бидат посреќни“, изјави за „Пипл“ портпаролот на Аријана.

Минатата година таа го претстави своето ново момче Далтон Гомез во видео запис што го направи со Џастин Бибер за нивната дуетска песна „Stuck with U“, која ја снимија во карантин и неодамна ја објавија.

Видеото е особено интересно затоа што покрај бројните јавни личности, вклучија и свои обожаватели, а заработката од него е наменета за финансиска помош на деца на кои им е потребна.

Специјално изненадување се случи на крајот од видеото кога Аријана реши официјално да го претстави своето ново момче Далтон Гомез.

Покрај тоа, во видеото за дуетот на Аријана и Џастин се појавуваат и сопругата на Џастин, Хејли, потоа Кендал и Кајли Џенер, Деми Ловато со своето момче, Гвинет Палтроу, Лил Дики, Џејден Смит, Мајкл Бабл, Ештон Качер и Мила Кунис.

Слични содржини