Скандалозни детали за новата врска на Аријана Гранде: „Ја познаваше неговата сопруга, а потоа им го уништи бракот“

од Stefanija Kuzmanovska

Неодамна се шпекулираше дека пејачката Аријана Гранде се разведува од Далтон Гомез. Таа продолжила понатаму и се шпекулираше дека е во врска со актерот Итан Слејтер.

Немаше да има ништо спорно во врска со тоа доколку Итан не беше во брак, а набрзо се појавија гласини дека тој и пејачката започнале врска додека двајцата се уште биле во брак. Така, наводно, таа одлучила да се разведе од сопругот кога се вљубила во Итан, а набрзо и тој поднел барање за развод од неговиот брак.

„Моето семејство е само колатерална штета“, изјави сопругата на Итан, Лили во врска со ова за Page Six.

Како што пренесуваат медиумите, Аријана и Итан се запознале на снимањето на филмот „Wicked“, а меѓу нив набрзо се разгореле страстите. Како што коментираат оние кои присуствувале на сетот, парот не се ни трудел многу да ги сокрие емоциите и неколку пати биле видени како се држат за рака.

Иако со сопругата Лили е од средно училиште и таа секогаш му била поддршка, Слејтер одлучил да ја остави сопругата и да ја продолжи врската со пејачката. Тој и Лили станаа родители пред една година и добија син кој, според добро упатени извори, Аријана го запознала.

„Аријана толку пати излегуваше со Итан и Лили, го запознала нивниот мал син, дури и го држеше бебето во раце, а сега им го уништи домот“, изјавил изворот за споменатите медиуми.

На социјалните мрежи масовно ја нападнаа пејачката и почнаа да ја нарекуваат „уништувач на бракови“, а ова не е првпат Гранде да влегува во романса со зафатен маж.

Имено, раперот Биг Шон се вери со актерката Наја Ривера, која ја остави токму поради Аријана. После тоа, пејачката беше во врска со раперот Мекмилан, кој поради неа ја прекина седумгодишната врска.

Откако го напушти Далтон по две години брак, кога го запозна Итан, многумина коментираат дека и него го чека истата судбина, а пејачката ќе го остави штом се појави некој поинтересен за неа.

Слични содржини