Арктички студ доаѓа во Европа: Најлошо ќе биде на Балканот, ќе паѓа и до половина метар снег

од Stefanija Kuzmanovska
489 прегледи

Во недела и понеделник ќе пристигнат прилично студени утра ширум источна и централна Европа и на Балканот.

Значително количество арктички студ се движи кон источна, централна и југоисточна Европа, а најстудено ќе биде за време на викендот и почетокот на следната недела. Температурите ќе бидат пониски од 8 до 12 Целзиусови степени.

Најстудено ќе биде на југот на Европа, каде силно зимско невреме ќе го зафати Балканот, кое ќе донесе поголеми количини снег на подрачјето од Романија до Украина, најавува Severe Weather Europe. Студениот период ќе продолжи до крајот на ноември.

Студеното време кое доаѓа од Арктикот најпрвин ќе стигне до Грција, а потоа ќе зајакне кон Бугарија, Романија, Молдавија и Украина од сабота до недела, каде ќе паѓа повеќе снег.

Снег ќе покрие области од Софија преку Букурешт до Одеса и Киев во Украина. За 36 до 48 часа би можеле да паднат околу 50 сантиметри снег, а заедно со снегот ќе дува и силен ветер.

Слични содржини