Армани донираше пари, но сега прави нешто похумано зо борбата против коронавирусот

од Elena Daskalova
344 прегледи

Модниот дизајнер Џорџо Армани беше меѓу првите кој донираше голема сума пари за италијанското здравство, кое во моментов се бори со пандемијата на коронавирусот.

Неговата хуманост не запира тука, па тој решил дека може да помогне и на повеќе начини отколку само со парична поддршка. Имено, во погоните за шиење на брендот сега се изработува медицинска опрема наменета за италијанските здравствени работници.

Тој додаде уште два милиона евра помош наменета за болниците каде се лечат заразените. Се очекува и повеќе модни компании да се вклучат во иницијативата своите шивачки погони да ги отстапат за изработка на заштитна облека и маски.

Слични содржини