Армијата на САД: Хутите гаѓаа грчки брод

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Јеменските бунтовници Хути истрелаа два проектила врз товарен брод во Црвеното Море кој пловел кон Иран, предизвикувајќи мала штета на бродот, а нема информации за повредени во нападот, објавија американските воени претставници.

Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека „милитантите Хути, поддржани од Иран“ во понеделникот истрелале два проектила од областа на Јемен под нивна контрола кон теснецот Баб-ел-Мандеб кон MV Star Iris, товарен брод што е во сопственост на Грција и плови под знамето на Маршалските Острови, пренесува „Ројтерс“.

Според соопштението на американската војска на платформата X, бродот превезувал пченка од Бразил до Иран и можел да продолжи да плови бидејќи претрпел мала штета во нападот, а никој од членовите на екипажот не бил повреден.

Слични содржини