Армиски хеликоптер и трите „ер-трактори“ ќе го гаснат пожарот кај светиниколско

од Nikola Popovski
34 прегледи

Пожарот кај светиниколско утринава сè уште е активен, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, фронтот на огнот е многу широк, но населените места не се во опасност. На терен работат пожарникари, а како што вели Ангелов во приправност има доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат во гаснењето на пожарот на барање на локалните командири.

Во текот на денот, на овој пожар Ангелов вели дека ќе делуваат еден армиски хеликоптер „ми-17“, како и трите „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Пожарот во Светиниколско е активен од вчера попладне и направи огромна штета на имотите на жителите.

Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, вчера рече дека пожари има во атарот на селата Орел, Немањици, Малино, Ерџелија, Делисенци и други места. Во гасењето учествуваа пожарникарите од Свети Николе, Велес, Штип, Неготино, Кавадарци, АРМ, хеликоптери и многу доброволци кои несебично цел ден гасеа пожари.

Слични содржини