Армискиот инженерски баталјон се поднови со пет нови инженериски машини

од Ивана Рамаданова
253 прегледи

Две ровокопачки, еден ваљак, еден утоварувач и една комбинирка, се првите пет инженериски мажини, од планираните 15, кои денеска беа презентирани пред Инженерискиот баталјон во касарната „Илинден“. Инвестицијата чини 138 милиони денари, а состанатите машини треба да пристигнат во првиот квартал од наредната година.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска при увидот на новите машини рече дека инженерискиот дел од нашата армија е една од причините зошто граѓаните имаат голема доверба во припадниците на армијата.

„Кога се случуваа различни природни катастрофи, армијата беше присутна на терен со луѓе, но требаше да биде присутна и со конкретна опрема. Добив информација дека целата иженериска единица е оставена практично без ниту едно возило, без финкционална машина. Благодарение на многу труд на ГШ успеавме прво да обезбедиме пари, потоа да завршиме набавка и да докажеме дека ветувањата покажуваат резултати“, истакна Шекеринска.

Командант на Инженерискиот баталјон потполнковник Арбен Јакупи информираше дека со оваа набавка ќе се зголеми оперативната способност на единицата со која тој раководи, а воедно, како што рече, ќе се даде максимална поддршка на командите и единиците на армијата. Според него нашата армија ќе биде по претставителни во меѓународните активности и вежби за оценување

Слични содржини