Армиско возило ќе помогне во гасењето на пожарот во Чаир

од Nikola Popovski
20 прегледи

БППЗ на Град Скопје од 01.50 часот гасне запален магацин на неутврдена површина на ул. „Прохор Пчински“ во скопски Чаир. Интервенцијата ја извршува со 7 возила и 20 пожарникари. На лице место освен единици од БППЗ кои го гасат пожарот се и полиција и Итна медицинска помош. Според утринскиот службен извештај од БППЗ, еден пожарникар бил однесен на Клиниката за токсикологија поради големо количество вдишан чад.

-Гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали. Дополнително како помош на скопските пожарникари ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата, велат од ЦУК.

Повеќе од 100 станари се евакуирани, а неколкумина завршија во болница поради вдишување чад.

Слични содржини