Арнаудова: Точно во 17 часот излезете на тераси да им дадеме поддршка на здравствените работници и министерот Филипче

од Vladimir Zorba
908 прегледи

„Цела Европа им заблагодарува со симболичен аплауз на сите вклучени во првите редови во борбата со Корона вирусот, здравствените работници! Тие заслужуваат и многу повеќе од аплауз, особено екипата на чело со министерот Филипче, но барем тоа можеме да го направиме, нели? “, пишува на својот Фејсбук профил пејачката и основач на Здружението „Проект среќа“ – Кристина Арнаудова.

„Ајде денес 15.03.2020 сите да излеземе на терасите и со долг аплауз да ги поздравиме и да им се заблагодариме, за целата грижа и жртва која ја прават за ние да сме мирни и здрави! Ајде точно во 17 чаот сите да излеземе на терасите! Шерувајте ја оваа иницијатива и приклучете ми се!!“, додава таа.

Слични содржини