Марко Арнаутовиќ, репрезентативец на Австрија, заплака за време на прес-конференцијата пред пријателскиот натпревар со Словачка, но и на 6 дена дена пред почетокот на Европското првенство, каде ќе се сретнат со нашата репрезентација.
Австрија и Словачка ќе одиграат пријателски натпревар на 6 јуни, а Арнаутовиќ пред тој натпревар изјави колку е среќен што се опоравува од повредата.
„Се чувствува добро што сум повторно во целосен тренинг. Имав повреда на мускулот од средината на мај и оттогаш бев надвор од терените. Друго е како се чувствувам физички. Може и подобро, но засега е многу добро. Постепено одиме кон тоа да бидеме целосно подготвени за Европското“, рече Арнаутовиќ.
Тој не играше за својата репрезентација во март поради коронавирусот, а беше особено емотивен бидејќи долго време не го видел своето семејство, па затоа заплака.
„Додека бев во Кина, не ги видов моите деца и семејството неколку месеци. Го гледав животот со различни очи. Не беше лесно, морав да преживеам многу. Затоа сум среќен што повторно сум во Австрија и ќе дадам се од себе да ги израдувам мојата земја и семејството“, истакнал Арнаутовиќ.
Заедно со семејството, не му беше лесно дури и додека гледаше како репрезентацијата на Австрија не игра брилијантно.
„Беше тешко да се биде толку далеку и да се гледа сè, а знам дека резултатите не се толку добри“, додаде Марко.
Македонија ќе се сретне со Арнаутовиќ и Австрија на 13-јуни во Букурешт, а натпреварот ќе се одигра во 18:30 часот по локално време.